Нема да има продолжување на учебната година


Учебната година ќе заврши навреме без пролонгирање. Директорите на средните училиштата велат дека веќе добиле наредба изгубените часови да ги надополнат на друг начин но најдоцна до 10 јуни. Иако средношколскиот пленум кампуваше пред МОН а клупите беа празни околу еден месец, сепак  тие нема да одат на настава за време на летниот распуст. Дo училиштата било испратено писмо од министерството во кое било потенцирано директорите да најдат начин да ги надополнат изгубените часови во регуларниот рок.skolo vnatre

Одлуката на кој начин ќе се одржи наставата ја носат интерно училиштата, дали преку работни саботи , скратени часови или друго.Предлог план за надополнување на наставата веќе е испратен до министерството. Оттаму пак неофицијално дознаваме дека нема одлука за продолжување на наставата од еден месец со цел да се исполни годишниот училишен план. И покрај бројните шпекулции и нервозата кај родителите и ученците, годината ќе заврши вообичаено.Средношколскиот пленум протестираа револтирани поради дел од реформите во образованието. Во меѓувреме беа објавени прашањата за екстерно за учениците од 4то одделение до трета година средно. На 2 јуни ќе бидат тестирани 183 илади ученици а преку нив проверени 17 803 професори.

Вториот дел регуларно како и секоја година ќе се полага на 10 јуни.На интернет страницата на државниот испитен центар секој може да провери во колку часот ќе полага. Учениците ќе треба да одговорат на 30 прашања по два предмети кои ќе им бидат соопштени три дена пред полагање. Зимата на полугодие полагаа вкупно 20 567 ученици од завршните трета и четврта година во 987  средни училишта.

Sitel

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1