ВИДЕО: Еруптира вулкан во Јапонија – нивото на тревога на највисоко ниво


На јапонскиот остров Качино-Ераб еруптиреше вулкан. Јапонските власти почнаа итна евакуација на островот со само 150 жители, откако вулканот Шиндаке почна да исфрла големи количини чад и камења, кои завршија во океанот.

vulkan

Овој остров е доволно оддалечен од сите поголеми населени места, вклучувајќи ја нуклеарната Електрана Сендаи, оддалечена 160 километри.

Од превентивни причини нивото на тревога е подигнато на највисоко ниво на скалата, а сите летови кон оваа област се пренасочени кон Окинава и југоисточна Азија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1