45 тони љубов – Ќе се отстрануваат катанците од мостот на љубовта во Париз


Ниту романтика не е добра, доколку ја има премногу – градската управа на Париз почнува во понеделник да ги симнува стотиците илјади катанци на љубовта обесени на познатиот Мост на уметностите (Pont des arts) кој минатата година попушти под нивниот товар.

katanci most na ljubov pariz

Од Мостот на уметностите преку реката Сена се протега прекрасен поглед на француската престолнина, а во светот е познат по своите катанци на љубовта коишто вљубените ги обесуваат на неговата ограда.

Но, минатата година дел од оградата се урна под товарот на толку метал, при што, за среќа, никој не настрада.

Париската градска управа одлучи да ги симне катанците кои го „уништуваат споменикот на културата и се опасни за безбедноста на посетителите“.

– Ќе симнеме речиси милион катанци, вкупно тешки 45 тони – изјави Бруно Жујард, прв заменик на париската градоначалничка Ан Идалго.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1