Нема да се вработуваат веќе Македонци на бродовите – еве зошто


Најголемите компании кои ангажираа работници од регионот за работа на брод нема веќе да ангажираат работници од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, бидејќи често лажеле дека се повредиле на брод и изнудувале пари од компаниите во договор со лекари и адвокати.

Од агенцијата која врши посредување за работа на брод во Македонија „Коузон“ за Фактор.мк велат оваа одлука се однесува за 14 држави, меѓу кои е и Македонија, а истото не важи за Црна Гора, Хрватска и Словенија.brod kruzer

„Причината за оваа неочекувана одлука на најголемата компанија Royal Caribbean, која ангажира работници за работа на брод од регионот, се симулираните лекарски проблеми од страна на лицата кои заминуваат да работат. Ова е смислен и организиран атак врз компанијата која на овој начин губи многу пари и е принудена да го прекине договорот. Заминуваш на работа, работиш одредено време, симулираш лекарски проблем, се пожалуваш и бараш отштета од компанијата, ова е сценариото кое го симулираат одредени лица и истото ги натера надлежните од компанијата во одреден период ја запрат побарувачката за работен труд од нашата земја и регионот“, велат од Коузон.

За овој случај пишуваат и српските медиуми.

„Србите кои се мрзливи и не сакаат да работат туку да дојдат до леб без мотика, се досетиле да ги тужат компаните за лажни повреди на работното место, исчашен рбет, ишијас, спондилоза. Да биде уште полошо, агенти од адвокатски канцеларии врбуваат такви луѓе за да ги тужат компаниите, да земат пари, а адвокатите да земат дебела провизија и од тоа да направат добар бизнис“, изјавил за „Блиц“, жител на Белград на кого по добивањето на датум за почеток на работа на брод, компанијата Royal Caribbean му јавила дека сепак нема да почне со работа поради промени на потребите на компанијата.Brod-1-564x423
Компаниите оваа политика ја оправдуваат со „насочување кон западот“, односно вработување на луѓе од Швајцарија, Норвешка, но и Кина. Сепак компаниите кои се посредници меѓу бродските компании и кандидатите за работа, тврдат дека компаниите ја затвораат вратата за цели нации поради изнудување на пари со лажни повреди во договор со лекари и адвокати.

„Каков народ сме? Наместо да работат, тие се фолираат. Поради два отсто луѓе кои лажат наместо да работат, ќе пати цела нација. Тоа трае веќе некое време, „Сelebrity“ не прима работници од овој регион веќе година дена, а по тој пат тргнаа и другите компании. Постои можност на Србите да им биде забранета работа на сите бродови. Во некои од компаниите сега примаат само девојки. Поради нив, ќе платат сите, нив им е гајле, се забавуваат по Америка, па се враќаат и земаат пари“, вели за „Блиц“, правниот застапник на компанијата “Safe Cruise”.

Лажирањето на повредите воопшто не е лесно, бидејќи компаниите ги проверуваат своите вработени. „Повредените“ користат лажни дијагнози, а со лекарите ја делат исплатата, односно отштетата по пола.

„Го поминав интервјуто, тренинзите, сите лекарски проверки. Кога го добив датумот за одење на брод, дадов отказ, извадив виза, ја оставив девојката која ја сакам, која сакаше да се омажи за мене. А потоа ми стигна мејл во кој ми соопштуваат дека сепак не можат да ми понудат работа поради промени на стратегијата на компанијата“, раскажува белграѓанецот кој требало да замине на брод.

Конкурсот, вадењето на документи и подготовката за на брод, кандидатите ги чини и по 1.000 евра.

Компаниите кои засега го запреле вработувањето на Срби на бродовите се „Royal Caribbean” i “Celebirty”, додека “Carnival” моментално вработува само девојки.

„Не е точно дека само Србите прават проблеми, туку прсти замешала изгледа и политиката. Не знам што им фали на нашите земји, но речено ни е дека поради насочување на компаниите кон запад, мажите од Србија не се добредојдени“, вели вработен во агенцијата “Sea agency”, агенција која ги поврзувала кандидатите со компанијата “Royal Caribbean”.

Според „Фактор“, од Македонија оваа година на брод требало да заминат 30-40 лица, но поради оваа одлука истите сега ќе останат дома, додека оние кои веќе се таму и работат си остануваат и за нив оваа одлука не се однесува.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1