„Нема да те убијам, но ќе преминеш во ислам“ – новинарка се спасила бидејќи е жена


Француската новинарка Сиголин Винсон, која го преживеа терористичкиот напад во редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ рекла дека еден од напаѓачите ѝ го поштедил животот само затоа што е жена.

Таа за „Радио Франс интернешнл“ раскажува  дека еден еден од напаѓачите ѝ го вперил оружјето во главата, но не го повлекол чкрапалото.teroristi500

– Нема да те убијам оти си жена, а ние не убиваме жени -ѝ рекол тој.

Кога напаѓачите влетале во редакцијата на весникот и отвориле оган вработените се собирале за дневниот колегиум. Вилсон во тој момент паднала и успела со ползење да стигне до ходникот, но еден од напаѓачите ја пронашол.

Тој наводно ѝ рекол: „Треба да преминеш во ислам, да го читаш Коранот и да носиш хиџаб, а јас ќе ти го поштедам животот“.

Во крвавиот масакр што се случил во средата загинаа 12 лица, вклучувајќи двајца полицајци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1