Жителите на Киев, од денес до октомври нема да имаат топла вода, поради економските кризи во земјата и поради прекинот на испораката на рускиот гас
-Ниту една топлана од денес не добива гас, соопшти приватното украинско претпријатие Киевенерго, во сопственост на тајкунот Ринат Ахметов, кој има монопол над греењето во главниот град на Украина, каде живеат околу милион жители.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, порано денеска изјави дека рестрикциите на топла вода, кои обично се спроведуваат секое лето и траат две до три недели, оваа година ќе траат до октомври.
-Принудени сме да се откажеме од топлата вода, за да заштедиме за зимата, рече Кличко.
Руски Гаспром, на 16 јуни ја прекина испораката на гас за Украина, додека не исплати дел од долгот во износ од 1,951 милијарди долари и воведе авансно плаќање за гас.