Нема официјални информации за повредени или загинати во пукањето во Минхен, Германија. Како што е познато околу 18 часот непознати напаѓачи пукаа кон цивили во трговски центар. Полицијата дури утре би излегла со официјално соопштение за жртвите во денешниот напад.
За сега полицијата нападот го оквалификува како терористички, а се известува за шестмина загинати, бројни повредени, како и дека се во потера по тре напаѓач кој избегал кон метро- станицата.
Градските власти прогласија вонредна состојба.