Нема лажење кога дошле на работа – Компанија вгради чип под кожа на работниците


Компанијата Epicenter во Шведска воведе нов начин на работа за вработените, со вградување чип под кожата наместо користење на картичка за евидентирање на работното време, пренесува Independent.

Малите чипови се вметнуваат во кожата на раката и можат да се користат за отворање на врати и користење на фотокопир. На 400 вработени во технолошката компанија Epicenter им било понудено да го вградат овој чип.

CIP VO RAKA

Менаџментот на компанијата планира да ги истражи можностите за употреба на чипови и за други работи како плаќање на храна во ресторанот, па дури и како замена за лозинките и пиновите во компјутерите.

„Сакаме подобро да ја разбереме оваа технологија пред владата и големите компании да ни се обратат“, смета Ханес Сјоблад од компанијата.

Според пишувањата на шведските медиуми, наскоро и други компании би почнале да го следат овој концепт за работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1