Казна од 50 евра за сите кои ќе лепат изборни плакати на јавни или приватни површини.
Градските власти одредија 54 локации на кои ќе бидат поставени паноа на чија површина ќе може да се лепат плакати за претстојните избори.
Секој обид за лепење на истите на бандери, огради или фасади ќе се смета за прекршување на законот и ќе се санкционира со парична казна.
Казни може да изрекуваат градските комунални редари, општинските комунални инспектори и полицијата.