Нема ни матичен, ни книшка, првпат мерела притисок на 80 год – Баба Гроздана пука од здравје


Иако живее на само 20-ина километри од Скопје, во Бродец, Гроздана Пешиќ цели 80 години не измерила крвен притисок и шеќер, а нема ниту здравствена книшка ниту избрала матичен лекар. Таа вели дека никогаш не одела ниту на забар ниту кај гинеколог, пишува Дневник

– Kаков лекар, не сум одела и немало потреба. Забите сами ми паѓаа, а во мојот живот, не сум поправала ниту еден. Понекогаш ќе ми се стемни и толку. Но откако ќе станам во 5 часот изутрина, не застанувам. Имам прво работа низ куќа. Не седнувам цел ден.

5699F2F0FB3D0C419A83DD3BBDD25635Здравствениот дом – Скопје, кои од јануари одат секој ден во скопските села во кои нема редовна здравствена заштита, за на жителите да им овозможат основни лекарски прегледи. Мерејќи ~ го тогаш крвниот притисок и шеќер, Гроздана им се доверила дека тоа било за првпат, а лекарскиот тим уште попријатно се изненадил кога утврдиле нормални вредности.

– Ова е навистина ретко да се сретне, особено кај луѓе на оваа возраст, и ние се зачудивме кога ни кажа дека не мерела ниту притисок ниту шеќер и дека не пие никакви апчиња. Веројатно начинот на живот придонесува оваа жена толку години да немала потреба од лекар- вели д-р Румјанка Стојановска, специјалист по училишна медицина во поликлиниката во Чаир.

На прашањето со што се храни и дали јаде свинско месо, баба Гроздана вели:

– Kакво свинско, какви џимиринки. Не јадам ниту јајца ниту пијам млеко. За појадок каснувам лепче со мармалад и често тоа ми е единствениот оброк во денот. Јадам грав, ориз, пиперки, патлиџани, кои ги одгледувам и во бавчата, но понекогаш не виреат. Не пијам ниту чај ниту ракија – вели Гроздана, која и н` предупреди „попљукајте ме, да не ме урекнете“.

Гроздана не била никогаш мажена.

Целата сторија на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1