Нема проститутки на Олимпијада – затворени 80 бордели во Лондон


Скотланд Јард затвори повеќе од 80 бордели во пресрет на ОИ во Лондон

Уште само четири дена останаа до почетокот на Олимписките игри во Лондон. Во Британската престолнина се наоѓаат голем број на спортиси, новинари и туристи, а како минува времето бројката рапидно расте. За тоа време низ цел Лондон се одвиваат голем број на протести на групи, поборници за човекови права. Во лондонската општина Њухем, се затворени повеќе од 80 бордели.

„Во изминатите две години видовме зголемен број на полициски акции во олимписките општини“, изјавила Џорџина Пери, која го води владиниот проект „Отворена врата“, чија цел е поддршка на проститутките од источен Лондон.

Пери укажува на тоа дека голем број на бордели се затворени и дека сега проститутките работат на улиците, места кои што се далеку понебезбедни за нив.

„Жените од улиците се среќаваат со голем број на полициски закани да си заминат од оваа област. Не ги сакаат тука за време на Олимписките игри“, дополни Џорџина за АФП.
Лондонската полиција демантирала дека затворањето на борделите е поврзано со Олимиските игри, наведувајќи дека ова е одговор на загриженоста на заедницата.
Од друга страна пак, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, отворено ја поддржа борбата против проституцијата во пресрет на ОИ.

Скотланд Јард не бил во можност да објави во колку бордели полицијата упаднала и колку проститутки се уапсени во Лондон.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1