Нема работа без фирма: Сите инспектори ќе гонат фирми и граѓани кои работат без тапија


Собранието им дава виза на трудовите, пазарните, просветните, техничките, комуналните, земјоделските, ловните, шумарските, еколошките и другите инспектори да тргнат во лов на лица кои работат и заработуваат од нешто за што немаат дозвола. Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност кој е донесен во декември лани, ќе почне да се применува од април годинава.moleri majstor

По донесување на измените вршителите на нерегистрирана дејност ќе ги гонат трудовите, пазарните, просветните, техничките, комуналните, земјоделските, ловните и шумарските, еколошките и другите инспектори. Во законите со кои се регулира работата на инспекторите, се додава дека тие добиваат уште една надлежност – контрола на примената на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

Глобите за вршење нерегистрирана дејност се од 10.000 до 20.000 евра во денарска противвредност. Овие санкции се предвидени и за правни и за физички лица. Фирмите ќе одговараат ако вршат дејност која не ја запишале во посебните регистри, а физичките чија дејност не е регистрирана кај надлежен орган, додека изземени се пазарџиите запишани во регистарот на Управата за јавни приходи. За вршење нерегистрирана дејност не се смета работата за сопствени потреби, семејната и соседската помош, продажбата на лични користени предмети, работата која се врши без финансиски надоместок, која не се извршува редовно. Под нерегистрирана дејност не потпаѓа и објавувањето, изведувањето и презентирањето на творештвото на уметниците.

Освен лица кои нерегистрирано вршат дејност, Предлог-законот дефинира и нивни соучесници, а тоа се оние кои овозможуваат вршење таква дејност, како и оние кои нарачуваат или посредуваат во вршењето на таа дејност и тоа не само кога знаеле, туку и кога можеле да знаат дека таа постои. Предвидени се санкции и за нив. Глобите за фирмите соучесници се од 2.000 до 3.000 евра, а за физичките лица-соучесници од 1.000 до 2.000 евра.

Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1