Нема сметки за струја – со оваа батерија струја за цел дом без да сте на електрична мрежа


Младиот пронаоѓач од Чиле Мануел Мата измислил систем за самоодржливост на едно домаќинство, кое со неговиот изум може комплетно да се „откачи“ од електричната мрежа,а дополнително, електричната енергија која ќе остане неупотребена да можете да ја продадете.baterija-630x311

Се работи за револуционерен систем на батерија и сончеви колектори. Имено, батеријата има огромен капацитет и е доволна да напојува цело домаќинство во текот на целиот ден, преку складирање на енергијата добиена од сончевите колектори, а онаа што ќе ви остане неискористена да ја продавате. Практично, според Мата, вашата куќа ќе стане електроцентрала.

Според него, батеријата која наскоро ќе излезе на пазарот ќе биде евтина, брзо исплатлива инвестиција за секое домаќинство, а откако ќе биде инсталирана во вашиот дом, ракувањето со овој систем е исклучително лесно бидејќи се е автоматизирано, и ќе можете да го контролирате дури и преку вашиот мобилен телефон, од секаде во светот.

Денешен.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1