Речиси е незамисливо да во еден ресторан нема бокалчиња со маслиново масло. Но, сепак ЕУ одлучи да ги забрани истите, со цел да ги заштити клиентите. Контроверзниот потег значи дека корисниците сега ќе бидат во можност да ги натопат нивните лепчиња само во етикетирани шишенца со масла.
Одлуката за забрана на класичните бокали, е дело на малку познатата комисија од Брисел која што истата ја донесе минатата недела. Бокалите ќе бидат забранети во Европа од почетокот на следната година, а сопствениците на рестораните ќе мораат да користат масло во фабрички шишиња со безбедни капаци.
Сопствениците на рестораните ја критикуваат ваквата авторитарна мерка преземена од страна на Европската комисија – извршното тело на ЕУ. Телото соопшти дека планира да наметне слични ограничувања за пакувањата и на путерот, солта, биберот и другите прехрамбени производи во рестораните. Комисијата рече дека мнозинството земји-членки на ЕУ го поддржале ваквиот потег, кој веќе е задолжителен во Португалија од 2006 година и ќе биде од корист на производителите во земјите со финансиски тешкотии, како што се Шпанија и Грција.
Ваквиот потег бил оправдан со цел да се подобри хигиената и да се подобри имиџот на маслиновото масло, а од ЕУ исто така укажаа дека големиот број на клиенти, често биле измамени од страна на евтините алтернативи на маслинови масла.
Портпаролот на ЕУ Оливие Бејли изјави:
„Ние само ги заштитуваме потрошувачите. Ставаме до знаење дека кога ќе сакате да имате маслиново масло со одреден квалитет во еден ресторан, треба да го добиете за сумата која што ја плаќате“.
Друг официјален претставник изјавил: „Ова е гаранција за квалитетот и автентичноста на маслиновото масло кое што треба да им се стави на располагање на потрошувачите. Целта е да се подобри информираноста и заштитата на потрошувачите. Ние исто така очекуваме и хигиената да се подигне на повисоко ниво“.
Клиентите не се глупави. Тие ќе бидат првите кои што ќе знаат дали некои е нечесен. До 70% од маслиновото масло во светот се произведува во Европската Унија, но официјалните лица исто така стравуваат дека производот е предмет на голема измама.
Поевтините производи често поминуваат како производи со повисок квалитет, од некои кои што се одгледуваат во најпознатите региони во Европа.
Британските официјални лица се воздржале од гласањето во комисијата, со користење на прописите од Заедничката земјоделска политика. Ваквиот потег со забрана на бокалите со маслиново масло, ќе се спроведува од страна на локалната власт, преку инспекции во рестораните низ целата земја.
Сем Кларк, готвач и сопственик на наградуваниот Моро во Лондон, ја критикувал ваквата одлука, велејќи дека сето ова ќе влијае на секого од нив. „Станува збор за избор и слобода на избор. Ние го купуваме нашето масло, кое го одбираме од една фарма во Шпанија, со цел да ги послужиме нашите гости“, вели Кларк.
Во изјавата за „Дејли Телеграф“, европратеникот Мартин Каланан изјавил:
„Дали е ова првоаприлска шега?“. Со кризата на еврото, падот на довербата во ЕУ, како и проблемите во економијата, сигурно комисијата има поважни работи за кои треба да се грижи.
„Тие треба да бараат да се намалат непотребните пакувања“, заклучува Каланан.