Нема веќе скапи подароци за учителките, лекарите… нов закон, само до 1000ден – како ќе знаат колку чини?


Според новиот закон за вработените во јавниот сектор – почнувајќи од 2015 година вработените во јавниот сектор нема да смеат да примаат подароци поскапи од 1.000 денари. А од една иста личност во текто на годината смеат да примат подароци чија вкупна вредност нема да надминува  3.000 денари.

PoklonЗабраната ќе важи за вработените во образованието, здравството, културата, трудот, полицијата, армијата, царината, државни и јавни службеници, фондови и агенции, јавни претпријати и затвори. Учителки, лекари, полицајци, цариници … ќе мора да отворат 4 очи за тоа какви подароци примаат.

Најтешко се чини ќе им биде на улителките кои редовно добиваат подароци од учениците за 8 март, за крај на годината… Како и на лекарите кои се опсипани со подароци од секој задоволен пациент. Давањето вакви подароци во Македонија е еден вид традиција и покажување благодарност.

Овој закон е потребен и е во насока на спречување на корупција, подмитливост итн, но сепак се поставува прашањето како ќе знаат учителките колку чини подарокот од ученикот на пример за 8 март? Дали тоа значи дека ќе треба да им ги доставуваме и фискалните сметки заедно со подарокот?

Еден обичен шал може да чини 100 денари, ама може да чини и 100 евра. Едно виски за лекарот може да е 1000 денари ама може да е и 500 евра – како ќе знае тој што го добива подарокот која е неговата вредност???

Подароците примени од службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности, ќе се сметаат за протоколарни подароци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1