Нема веќе за џабе – државата со ултиматум до кираџиите или купете ги или дајте кирија


Граѓаните кои живеат во станови доделени од страна на државата до 15 септември, ќе мора да се изјаснат дали ќе го продолжат договорот за закуп на становите или ќе ги откупат според новите поволности кои треба да ги донесе Владата, предупреди денеска директорот на  Државната агенција за станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.

stan pari kukja– Од 851 стан, 759 корисници на овие станови немаат продолжено договори. Апелирам  до корисниците на овие станови во периодот што следи до 15 септември да се одлучат што понатаму ќе прават со овие станови – рече Грозданов.

Тој појасни дека сите граѓани што останале во ранливите категории и понатму се наоѓаат во категоријата со ниски примања ќе можат да го задржат станот и да плаќаат симболична кирија.

– Лицата што излегле од оваа категорија би требало доколку се определат за откуп на станот да го откупат доколку пак не се определат за откуп да склучат договор за користење на станот под закуп, за што ќе има одредена комерцијална цена – рече Грозданов.

Комерцијалната цена, како што посочи Грозданов, ќе биде формирана во зависност од закупнините кои се движат на пазарот во оној регион каде се наоѓа станот.

Просечната цена на месечна закупнина пак на становите е од 1.500 до 2.000 денари.

Цената за откуп на становите во Скопје се движи од 580 до 680 евра за квадратен метар, Битола 540 евра, Ресен 390 евра, Дебар 380 евра, Прилеп 380 евра, Кичево 340 евра. Цената на становите во Кочани изнесува 460 евра, Штип 380 евра, Велес 560 до 700 евра за квадратен метар, Тетово 530 евра, Гостивар 370 Струмица 480 евра, Гевгелија 430, Кратово 390 и во Крива Паланка 430 евра за квадратен метар.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1