Синот на Џеки Чен уапсен поради дрога


Синот на прославениот холивудски актер Џеки Чен уапсен е во Кина, по обвиненија за поседување и консумирање дрога.

dzeki-cen-sin-foto-ap-1408433711-553333Џејси Чен (31), исто така актер, е уапсен минатиот четврток заедно со тајванската филмска ѕвезда Кај Коом (23), соопштила полицијата во Пекинг.

Полицијата навела дека двајцата актери биле позитивни на марихуана, како и дека во куќата на Чен се пронајдени повеќе од 100 грама од таа дрога. Тој е обвинет и за консумирање други дроги.

Чен, чиј татко Џеки кинеската полиција во 2009 година го именувала за амбасадор за контрола на дрогата, може да биде осуден на казна затвор од три години, доколку биде прогласен за виновен.

Државната телевизија објави снимка од Чен со замаглено лице на која полицијата прикажува каде ја сокрил дрогата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1