Сосема неочекувано рано утрово почина една од најпознатите инструкторки по пилатес во Скопје – Ирина Митевска (41).
Важеше за една од првите кои во Скопје го промовираа пилатесот.
Засега нема информации која е причината за смртта, но нејзините пријатели веќе се збогуваат од неа преку социјалните мрежи.
Ирина беше самохрана мајка и зад себе остави шестгодишно синче.