Необичен ритуал: Одат во планина за да имаат секс со непознати (ВИДЕО)


Невообичаениот ритуал во Индонезија се одвива на планината Гунунг Кемукус- на која жителите од оваа земја одат за да имаат секс со странци.

За успешно да заврши овој ритуал, лицата мораат секои 35 дена да имаат седум пати по ред.

havesex

-Се работи за прилично бизарна приказна. Пред неколку години прочитав текст за тоа, а потоа ми требаше одредено време за да стигнам до таму, вели новинарот Патрик Абуд.

Овој древен ритуал датира од 16 век, а оние кои го обавуваат веруваат дека ќе им донесе среќа и богатство. Во него учествуваат сите- оженети мажи, домаќинки, претставници на власта, проститутки.

Новинарот кој ја истражувал оваа приказна, не сретнал странци, но доаѓале луѓе од сите делови на Индонезија за да видат дали навистина среќата ќе им се промени.

-Тоа е јавански ритуал кој е поинаков од муслиманскиот свет, многу поинаков од се останато во Индонезија, вели Абуд.

На планината доаѓаат повеќе мажи од жени па затоа местото од време на време се претвора во територија на која проститутките се вообичаена појава, а на планината е направена и клиника поради проблеми со болести.

-Голем број од проститутките се болни, а мажите не користат кондоми, вели Абуд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1