Вака Никола Тесла го тренирал својот мозок


Никола Тесла е еден од најбрилијантните личности во светската историја, a за да биде генијалцот тоа што е потребно е секојдневно да го тренира својот мозок.

Ако ве интересира на каков начин Никола Тесла го тренирал својот мозок, ние ви ги пренесуваме неговите три брилијантни техники:

nikola tesla

1. Размислете добро пред нешто да направите

„Мојот метод е различен. Јас не брзам со конкретната работа. Кога ќе добијам идеја јас веднаш започнувам со градење на мојата фантазија.Ја менувам конструкцијата, работам на поправки и управување со машината токму во мојата глава. Сосема неважно е за мене дали ја тестирам машината во главата или во работилницата затоа што веднаш забележувам дури и ако не работам добро. Разлики не постојат, а резултатот е ист.“

2. Одете на прошетка

Во 1881 година Тесла се преселил во Будимпешта, опоравувајќи се од нервниот слом. Додека шетал низ паркот со некој пријател рецитирајќи поезија, одеднаш му дошла идејата за наизменична струја.

3. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот

Никола Тесла сметал дека само кога сте сами се раѓаат идеи. 

„Умот е поостар и поконцентриран во изолација и осаменост. За размислување не е неопходна било каква голема лабораторија. Оригиналноста доаѓа од самотијата ослободена од влијанието кое му штети на креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот, бидете сами бидејќи така идеите се раѓаат.“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1