Претседателите на Русија и Сирија, Владимир Путин и Башар ал Асад вчера ги продолжија преговорите во Москва, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Синоќа во работна посета на Москва беше претседателот на Сириската Арапска Република, Башар Асад. Се одржаа преговори меѓу двајцата лидери во потесен и поширок состав со учество на високи функционери на Русија, рече Песков.
Путин бил информиран од Асад за ситуацијата во Сирија и перспективите за понатаму.
Песков нагласи дека на средбата било разговарано и за текот на руската воена операција во Сирија, борбата против терористите во земјата и за различните аспекти од билатералните односи.
Ова е прва посета на странска земја на Асад од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.