Родителите Енди (34) и Шели (35) ја испратиле снимката од направениот ултразвук на агенцијата Скрим, која неговиот талент го препознала уште на прв поглед, и веднаш подготвиле емисија за да го снимаат бебенцето уште додека е во утробата на неговата мајка.
Елвис Оконор за еден месец ќе направи годинка, а веќе стана ѕвезда! Неговиот талент бил видлив додека бил уште во стомакот. Оконор во моментов се појавува во една телевизиска емисија како дете на професионален крадец Рони.
Неговата сестра Алан (5), е исто член на агенцијата и редовно гостутва на детските канали. Бидејќи веќе постарото дете е активно по медиумите, родителите се решиле и нивниот син да добие таква можност.
„Сестрата на Елвис е веќе член на агенцијата за таленти. Кога дознавме дека очекуваме бебе, им испративме снимка од ултразвук. Во агенцијата изјавија дека личи на неговата сестра и дека сакаат и него да го пријават. Така што тој веќе стана глумец во емисијата „Господин Бигс“ и пред своето породување.
На снимањето го засакаа и беше навистина одличен.
Претставникот на агенцијата „Скрим“ потврди дека и Елвис и Алан се доста талентирани.