Министерството за внатрешни работи соопшти дека во петокот околу 15 часот и 40 минути на булеварот „Партизански Одреди“ лицето Е.Х. (37) извршил насилство и со употреба на тврд предмет искршил ветробранското стакло на автомобил „Поло“ со скопски регистарски табли.
Автомобилот бил во сопственост на скопјанецот Ј.Е. (32).
Полициските органи работат на целосно расчистување на случајот по што против сторителот ќе поднесат соодветна пријава.