Несреќа кај Долно Лисиче – пронајдени мртви работниците кои паднаa во Вардар


Во водите на реката Вардар полицијата ги пронајде удавени Трајан Божиновски и Драган Стефановски кои претпладнево паднаа во реката.

Во водите на Вардар во близина на скопско Јурумлери утрово паднале двајца работници. Несреќата се случила  во 9 часот и 55 минути на железничкиот мост на реката Вардар кај Долно Лисиче, во близина на Јурумлери.

vardar-vreka-640x320

Според МВР,  Трајан Божиновски и Драган Стефановски и двајцата вработени во Македонски железници, додека изведувале градежни работи на мостот во еден момент паднале во реката, по што се загубиле по течението.

Нивните тела биле пронајдени околу 14:30 часот, откако претходно двајцата мажи, вработени во Македонски железници, изведувале градежни работи на железничкиот мост на реката Вардар кај Долно Лисиче.

Тие паднале во реката, под засега непознати околности, а полицијата во моментов извршува увид, откако нивните тела беа пронајдени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1