Несреќа во Гостивар: Си ја чистел пушката и ја ранил жена му


Во Медицински центар Гостивар вчера била донесена С.З.(36) од с.Д.Ѓоновица, гостиварско, со прострелна рана од огнено оружје во левата потколеница.

puska

С.З. со повредата се здобила во Гостивар во станот во кој живее со својот невенчан сопруг Ф.М.(46) од с.Д.Ѓоновица.

Имено, додека Ф.М. го чистел своето огненено оружје-ловечка пушка која ја поседува со дозвола, од невнимание испукал еден куршум, кој ја погодил оштетената.

На С.З. и е  констатирана телесна повреда.

Се работи на целосно документирање на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1