Американците ќе пуштат „GMO“ комарци во природата?


Американската Агенција за храна и лекови треба да одлучи дали ќе дозволи пуштање на генетски модифицирани комарци на Флорида со цел да стави крај на ширењето на вирусите кои ги пренесуваат овие инсекти.mosquito_gm

Британските истражувачи развиле комарци со синтетичка „DNK“ кои ќе бидат смртоносни за ларвите на обичните комарци. Тие планираат да пуштат „GMO“ мажјаци кои би се пареле со женки во дивина и на тој начин би ги убивале нивните наследници.

Претставници на властите задолжени за контрола на штетниците кажуваат дека комарците развиле отпорност на четири од шест инсектициди кои се користат за нивно уништување и поради тоа и понатаму продолжуваат да ги пренесуваат вирусите.mosq6

Меѓутоа, ако луѓето мразат нешто повеќе од комарци, тоа се генетски модифицирани комарци.

Веќе се појавила и петиција на „Change.org“ против овој потег која веќе добила 130 илјади потписи, а многумина сметаат дека не добиле никакви гаранции дека модифицираната „DNK“ нема на било кој начин да се пренесе во човечкото тело.

„Мислам дека идејата е добра, во смисла дека на тој начин комарците сигурно ќе бидат уништени. Меѓутоа „GMO“ и понатаму е слабо прифатено во јавноста“, вели еден ентомолог.mosquito1

„Негативните последици од ваквата акција се малку веројатни. Сепак, никој не може да гарантира дека генетски модифицираната „DNK“ не може да допре до луѓето“.

Агенцијата за храна и лекови соопштила дека „темелно“ го разгледува целиот случај.

 

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1