Неверојатна мапа го покажува исчезнувањето на ледените копна со излевање низ океаните


Нивото на водата низ целиот свет се зголемува побрзо од очекуваното, како резултат на глобалното затоплување, смета Бил Хеј, професор – геолог на Универзитетот во Колорадо.

 

Последниот извештај на ИПЦЦ во 2007 година, покажало дека морското ниво до 2100 година би можело да се зголеми од 0,2 до 0,5 метри. Но со сегашното темпо на зголемување на нивото, се предвидува дека со ова би можело да дојде до пораст на нивото водата и до еден метар, а можеби и повеќе до крајот на векот.
Хеј не смета дека и покрај тоа што топењето на артичкиот мраз на север, кој што е веќе во океаните, не влијае на зголемувањето на нивото на океаните, тукку потпомага во самото загревање на Артикот, што доведува до негово губење во делот на Гренлад и делови од Канада. Кога мразот се топи постои океанографски ефект на ослободување на поголемо количество на свежа вода од Арктикот, кој пак се меша со потоплата вода која што доаѓа од југот.

„Тоа е еден вид на голема топлинска пумпа која што го вжештува Арктикот“, вели Хеј.
Потоплата вода го турка Арктикот кон создавање на поголемо количество на свежа вода и наместо мразот да ја одбива сончевата светлина назад кон вселената, истиот тој се повеќе и повеќе ја апсорбира. Колку повеќе свежа вода, толку повеќе топлина се заробува во Арктикот и станува се потопло.
Во последните неколку векови нивото на водната површина се има зголемено за 10 метри и тоа без никаква помош од страна на луѓето.
Гренланд можеме да го загубиме во временски период од неколку стотини години, а не илјадници како што беа првичните претпоставки“, вели Хеј.
„Не може да се утврди точниот период кога тоа би можело да се случи со јаглерод диоксидот кој што го испуштаме во атмосферата“, заклучува Хеј.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1