Неверојатно: Го изгубил телефонот во река – а потоа телефонот „го побарал“ него


Го изгубил телефонот во река, а потоа некој започнал да објавува фотографии на неговиот профил на „Фејсбук“.

Кога Нејтан Бахлер го испуштил својот телефон во реката Боу, не се ни потрудил да го побара, но телефонот „го побарал“ него.Screenshot_41

Нејтан го загубил својот мобилен телефон на 2 август, а две седмици подоцна започнал да гледа фотографии на неговиот Фејсбук профил.

 

Телефонот всушност го пронашла пожарникарска бригада, која одлучила да му даде име на уредот „Хектор Санчез“ и на тој начин да се пошегува со неговиот сопственик.657531_telefon-03-foto-facebook_ff

Пожарникарите се договориле да го информираат сопственикот на телефонот дека смартфонот е пронајден, и тоа, преку неговиот профил. Покрај фотографиите, ставиле и отворен повик до Нејтан да дојде по својот телефон, како што тој набрзо и направил, а при тоа не заборавил и да и се заблагодари на досетливата екипа.

657534_telefon-06-foto-facebook_ff

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1