Неверојатно – градоначалникот забрани сечење на торти на свадбите


Градоначалникот на главниот град на Чеченија, Грозни, забрани невестата и зетот заедно да го сечат првото парче торта. Муслим Хучијев обичајот го нарече „премногу западен“ и им порача на граѓаните дека мораат да работат на „зачувување на својот духовен и културен развој“.nevesta rak

На листата забранети свадбени обичаи се најдоа и „непристоен танц“, а се препорачува невестата и зетот за време на првиот танц да бидат оддалечени еден метар еден од друг, а најдобро е невестата да не танцува.

Според Хучијев гостите на свадба не треба да се појават во алкохолизирана состојба, како ни во облека која „не е во согласност со чеченскиот менталитет“.

„Свадбените рации“ веќе се спроведени во дело, а Хучијев планира забраната да ја прошири и на родендените и годишнините.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1