Во Ерусалим воведена забрана за влез на млади муслимани во светите места


Израелската полиција им забрани пристап на младите муслимани на светите места во Ерусалим по неколкудневните инциденти.JerusalemZapadniZid

Портпаролот на полицијата Луба Самири изјави дека на мажите помлади од 45 години строго им е забранет пристапот во комплексот Ал Акса и додаде оти забраната е поради одржување на мир, откако во немирите учествуваат првенствено млади Палестинци.

Немирите почнаа пред три недели, кога Палестинците повеќе пати се забарикадираа во комплексот Ал Акса и фрлаа камења и молотови коктели врз припадниците на полицијата.

Поради забраната Палестинците го обвинија Израел дека планира да го смени изгледот на врвот на брдото – заедничко светилиште на Евреите и на муслиманите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1