Неверојатно хуман газда: Го продаде ресторанот за вработена да добие операција на мозокот (Видео)


Мајкл де Бајер, сопственик на ресторанот Кајзерхов во Тексас реши да го продаде својот ресторан за да плати лекување на 19-годишна келнерка која боледува од тумор на мозокот.

Де Бајер решил да го жртвува бизнисот што неговото семејство го води веќе 17 години за да и помогне на младата Британи Матис, која пре еден месец дознала дека боледува од тумор на мозокот.

go prodava restoranot– Се почна со обичен осип на нога. Лекарите ме пратија на скенер и на МР и утврдија дека имам тумор – раскажала девојката.Таа кажала и дека има силни главоболки и дека туморот во нејзината глава сега веќе е голема колку топчето за пинг-понг.

Таа нема здравствено осигурување, а неплатените сметки и се множат. Нема пари ниту за натамошни испитувања. Затоа, Де Бајер решил да и помогне.

– Не можев само да седам со скрстени раце. Морав да се обидам нешто да сторим зашто тоа е исправно – кажал Де Бајер, кој е женет и има две деца.

Тој кажал и дека неговиот ресторан вреди најмалку два милиони долари и дека сека да го продаде за да и помогне на девојката, но и за да може да му се посвети на семејството.

Мајката на младата Бритни, Барбара Метис, која исто така работи во овој ресторан, го нарече Де Бејер „благословот“ на нејзиното семејство. Нејзиниот сопруг, Џон Метис, починал од аневризми во мозокот предизвикани од тумор во 2000-тата година, кога имал само 33 години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1