Неверојатно упорниот Французин Жан Филип дури 34 години ја барал својата изгубена љубов од хрватскиот остров Зларина, а денес од оваа земја му пристигна неверојатна вест – госпоѓата е пронајдена!
Жан (51) турист од Франција ја запознал фаталната Вера далечната 1981 година, а Хрватката очигледно оставила таков голем впечаток на него што 34 години се обидувал да ја пронајде. Без оглед што во меѓувреме се оженил и основал семејство.
Имено тој како 17-годишен заминал на летување на островот Зларин.
-Вера и јас се сретнавме на плажа. Ми пријде и ме праша дали би сакал да дојдам со неа на излет на соседниот остров, на кој би заминале заедно со нејзините пријатели. Предлогот беше да одиме на риболов, на вечерта во некои од кафулињата. Останав без текст. И се согласив нормално. Не можев да верувам дека девојка од 23 години се интересира за момче од 17, се присетил Французинот.
Во целата акција за пронаоѓање на Вера се вклучила и Туристичката заедница на Зларина.
-Еве една несекојдневна молба. Еден господин од Франција веќе долга низа години бара една личност која ја запознал во летото 1982 година на Зларина. Поради јазикот, оддалеченоста и историските случувања никогаш не успеал да ја пронајде. Можеби ние можеме да му помогнеме? Што мислите Дали ја познавате? – напишале на својата Фејсбук страна и ги ставиле старите фотографии, а веднаш потоа луѓето тргнаа во акција.
Потрага не траела долго бидејќи само неколку часови подоцна на страницата се појавил следниот статус:
„И така нашата „Љубовна потрага“ се заврши успешно! Господинот Жан Филип на сите кои учествуваа им се заблагодари на помошта. Сега ќе им дадеме малку одмор и тишина за да го надоместат изгубеното време, а можеби ќе ни се јават со некои занимливости (кога самите ќе посакаат)“ – напишаа на страницата.