Невидено невреме: Милион лица евакуирани поради тајфунот „Хагупит“ на Филипини


Околу милион Филипинци бараат засолништа во црквите, училиштата и другите привремени центрите за евакуација поради тајфунот „Хагупит“ (Руби) кој се приближува кон земјата.

filipini

Тајфун, кој се проценува дека ќе биде најсилниот годинава што зафатил овој архипелаг во Југоисточна Азија, ќе погоди повеќе од половина од населението, вклучувајќи ги и заедниците кои минатата година беа уништени во супертајфунот „Хајан“.

Филипинските власти соопштија дека милиони луѓе се собрани во центрите за евакуација, бидејќи се очекува „Хагупит“ вечерва да ја погоди областа или во текот на утрешниот ден. Тајфунот „Хагупит“ е значително ослабен, поради што премина од категоријата супертајфуни во тајфуни. Тој во моментов се движи кон Филипините со брзина од 195 километри на час.

Минатата година во ноември, тајфунот „Хајан“ ги погоди Филипините со брина од 315 километри на час, при што загинаа 7.350 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1