Во Македонија во утринските часови ке има појава на магла, а во текот на денот ке биде умерено облачно. Во доцните попладневни и вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд.
Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели и источен ветар. Утринските температури од 0°C до 8°C, а максималните дневни ке се движат од 10°C до 16°C.
Во Скопје во утринските часови ке има појава на магла, а во текот на денот ке биде умерено облачно. Во вечерните часови и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд. Ке дува југоисточен ветар. Утринската температура од 4°C, а максималната дневна ке достигне до 14°C.
Во вторник во Македонија ке биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринските температури ке се движат од 4°C до 10°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 8°C односно до 14°C.
Во среда во утринските часови ке има појава на магла по котлините и долините, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб ветар. Утринските температури од 4°C до 10°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 10°C односно до 18°C.
Во Македонија во четврток во утринските часови ке има појава на магла која понекаде ке се задржи и претпладне, а во текот на денот ке биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Слаб променлив ветар. Утринските температури од 2°C до 10°C, а максималните дневни ке се движат од 9°C до 17°C.
Во петок во утринските часови ке има појава на магла која понекаде ке се задржи и претпладне, а во текот на денот ке биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Ке дува слаб југоисточен , а во западните источен ветар. Утринските температури ке се движат од 2°C до 10°C, а максималните дневни ке достигнат до 10 односно до 17 степени.
Во сабота по студеното и магловито утро, во текот на денот ке биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Ке дува слаб југоисточен ветар. Утринските температури од 0°C до 9°C, а максималните дневни ке се движат од 9°C до 16°C.
Во недела во утринските часови ке има појава на магла, која понекаде ке се задржи и претпладне, а во текот на денот ке биде умерено облачно. Кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд. Ке дува слаб југоисточен и источен ветар. Утринските температури ке се движат од 2°C до 10°C, а максималните дневни ке достигнат до 9°C односно до 16°C.
weather4all.com