Невреме во Грција: Се евакуираат Лепотокарија, Парајлија, Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Пефкохори, Трикали и Торони


Дожд и силен ветар го зафатија северниот дел од Грција и предизвикаа големи проблеми за туристите, а одделни места се погодени и од поплави.

Грчки медиуми објавија инсерти од поројни дождови, што ги зафатија меѓу останатите и Лепотокарија, Парајлија, Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Пефкохори, Трикали и Торони. Температурата во одделни места била околу 15 степени Целзиусови. Во дел од градовите од одделни хотели се евакуирани туристи, меѓу кои и од хотел на Ситонија, каде денеска се евакуирани поради река, која се излеала од коритото и го поплавила целото подрачје.

Грчките медиуми јавуваат дека на патиштата во тој дел од државата има одрони и сообраќајот се одвива отежнато.

На социјалните мрежи објавени се фотографии од местото Торони, на кои се гледа како дел од градот е поплавен.

Во моментов во Солун е 18 степени, додека во Лариса е 17. Грчката агенција АНА-МПА објави дека облачно време и северен ветар се очекува и утре кога се можни и нови поројни дождови, пренесе МИА.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1