Невреме во Хрватска: Се очекуваат силни врнежи кои ќе траат до вторник (Видео)


Страшно невреме синоќа го погоди хрватскиот брег и ги запре траектите и катамарантие, како и дел од копнениот сообраќај. Во некои места ветрот корнеше дрвја, а некои пристаништа се поплавени,

Државниот хидрометеролошки завод објави дека е вклучен црвен, односно портокалов метео аларм за поголем дел од јадранскиот брег. Се заканува бурен југо и полесни дождови.

Југото кој дувал и до 110 километри на час создал проблеми на брегот, островите се отсечени, дел од сообраќајниците затворен, а во прекин се и бројните траекти, бродските и катамаранските линии.

Издадено е црвено и портокалово предупредување, а на удар се Истра, Кварнер, Горски Котар и југот на Хрватска, јави ХРТ.

Во дубровник поради невремето на сила е висок степен на подготвеност. Поради големото количество врнежи можни се и обилни поплави.

Во одредени градови морето ги поплави пристаништата.

Се оечкуваат големи количества дожд – од 50 до 150 литри на квадратен метар, и тоа прво во Далмација, внатрешноста на Далмација и горските краишта Најсилни дождови се очекуваат во текот на денешниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1