Краткотрајно, силно невреме со пороен дожд, ветер и грмежи го зафати Скопје.
Во одредени делови заврна и град, но невремето не предизвика поголем метеж во сообраќајот.
Управата за хидрометеоролошки работи најави нестабилна облачност попладнево, особено во западните и северните делови од Македонија, но и во планинските региони.
Температурата ќе се движи од 30 до 36 степени.