Невработеноста штетна по здравјето повеќе од цигарите


Губењето на работа на 50 или 50 години го зголемува ризикот од срцев удар на ист начин како и пушењето, покажува новата американска студија.

 

13.000 луѓе учествувале во истражувањето кое е објавено во списанието “Archives of Internal Medicine”. Резулататите покажале дека шансите за инфаркт првата година по губењето на работа се зголемени за 27 насто.

Докторката Линда Џорџ од унивезитетот Дјук во северна Каролина вели дека досега се сметало дека најлош е стресот на работа, но ова истражување покажува дека  губењето на работа ила дупло полош ефект на организмот.
оние кои за време на животниот век изгубиле 4 или повеќе работни места имаат зголемена шанса за срцев удар за дури 63 насто. Она што го покажало истражувањето е дека тоа се однесува само на оние што добиле отказ. Додека оние кои сами го напуштиле работното место немаат никакви здраствени промени.

Совет е да се остане физички и ментално активен за да си го сочувате здравјето. Учење, хуманитарна работа, хоби било што само да останете преокупирани макар и тоа да не ви носи финасии – велат лекарите.

Истражувањето траело цели 20 години и за тоа време забележано се над 1000 срцеви удари. Процентот на срцеви удари на пушачи и на луѓе кои добиле отказ а дел од нив и не биле пушачи бил речиси изедначен – дури поголем бил бројот на оние кои поради отказот имале влошено здравје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1