Пријавила дека мажот и е убиен пет дена по смртта


Тетовка пријавила во полиција дека мажот ~ е убиен, по пет дена откако тој починал во скопскиот Ургентен центар пишува Дневник.

Од полицијата информираат дека 44-годишната жена завчера пријавила во СВР Тетово дека нејзиниот сопруг Kирчо Панев (47) бил повреден во сообраќајна несреќа на 9 ноември.

Според изјавата на жената, нејзиниот сопруг на 9-ти овој месец бил во кафеана со другарите. Откако излегле од кафеаната, нејзиниот сопруг се качил на хауба од автомобил „бмв“, сопственост на еден од неговите пријатели, по што возачот го стартувал автомобилот, па нагло запрел, по што Панев паднал од автомобилот и се здобил со тешки повреди.

Панев веднаш бил однесен во тетовската болница од каде што бил префрлен во скопскиот Ургентен центар, а на 15 ноември починал.

Останува непознато зошто жената го пријавила случајот десет дена откако се случила несреќата и зошто никој од тетовската и скопската болницата не ја алармирал полицијата дека примиле повреден пациент.

Извор – Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1