4 тони торта и 7 милиони вилушки – Тирана се подготвува за славење


По повод 100-годишнината од независноста на албанската држава, за 28 ноември албанската метропола, подготвува гигантска торта од 4 тони.

За „историската“ торта формирана е посебна комисија, од каде потврдуваат дека заедно со неа ќе има и 7 милиони вилушки, симболично по една за сите Албанци на Балканот за да заедно го одбележат овој празник.

Декорот на тортата ќе биде со албанските национални симболи, а во средината ќе има орел во црвено црна боја. Ќе има и маслинови гранчиња, поради симболот што го има ова растение, jaви дописникот на МИА од Тирана.

Во нејзината подготовка, доброволно се вклучени слаткарски работници. Доколку се продаде ќе чини 3,6 милиони леки или околу 1,8 милиони денари. Се чини дека оваа иницијатива го направи љубопитен и етнузијаст премиерот Сали Бериша кој на седница на владата побарал локалната власт на Тирана да најде содветно место на плоштадот „Скендербег“ каде ќе може да поминуваат луѓето.

Освен тортата, која ќе биде 400 квадратни метри, како што неодамна пишуваше тиранскиот весник „Коха јоне“ владата ќе заколи курбан илјада овни и исто толку јагниња и печеното месо ќе биде сервирано за „ сите Албанците од Албанија и оние од албански простори“, кои ќе бидат заедно на одбележувањето на овој голем ден.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1