Незгоден датум во незгодно време: Муслиманите во САД загрижени, Бајрам се паѓа на 11 септември


Американските муслимани изразија загриженост дека празникот Курбан бајрам годинава најверојатно би требало да биде на 11 септември, на 15-годишнината од нападот на Ал Каида врз Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон.

Додека милиони муслимани во светот ќе се подготвуваат да го одбележат овој празник, американските муслимански водачи предупредија дека луѓето може погрешно да го протолкуваат одбележувањето на Бајрам како прослава на нападот во кој загинаа речиси 3000 луѓе.911 njujork bliznacki

Хабиб Ахмед, претседателот на Исламскиот центар на Лонг Ајленд, за Њујорк тајмс изјави дека некој “лесно може погрешно да разбере” и дека луѓето би можеле да кажат “погледнете ги муслиманите, тие го слават 11 септември”.

Од нападот во Париз минатиот ноември и пукотниците во Сан Беранрдино во декември групите за човекови права велат дека нападите и заканите против муслиманите пораснале.

Во Њујорк, каде имамот и неговиот помошник неодамна беа убиени во Квинс, идејат дека празникот Бајрам се паѓа на 11 септември ја зголеми загриженоста за безбедноста.

Роберт Меккау, претставникот на владата во Советот за американско-исламски односи, вели дека во овој момент тоа му е на ум на секој муслимански водач во САД.

-Тагувавме како и сите други. Се сеќаваме на тој ден, не затоа што сме муслимани туку затоа што сме Американци, вели Меккау.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1