Леатрилот, кој се нарекува и витамин Б17 е еден од бројните лекови кои го лекуваат ракот но медицината упорно ги игнорира. Тој не е единствен, во природата постојат огромен број билки кои се лековити. Забранети се за користење дури и здравствените додатоци кои го содржат овој витамин.
Добро познато е дека „модерниот“ човек е поизложен на ракот отколку „примитивните“ култури, а племето Хунза е доказ за ова. Ова е старо племе кое живее во северен Пакистан, чии членови живеат над 100 години и не знаат ништо за ракот.
Тајната на овие луѓе е во витаминот Б17. Луѓето од племето конзумираат 250 до 3.000 милиграми витамин Б17 дневно. Богатството во племето Хунза се мери со количество на стебла од кајсии. Оној кој има повеќе стебла се смета за побогат бидејќи сувите семки од кајсијата се посебна храна која содржи витамин Б17.
Заштитниците на „индустријата на ракот“ се најголемите противници на овој природен лек против болеста. Ернст Т. Кребс (1912-1996) е еден од малкумината доктори кои го користат витаминот Б17 при лечењето на своите пациенти. Тој спровел и детални истражувања за делувањето на витаминот врз пациентите заболени од рак и собрал доволно докази за негово промовирање како лек за рак.
Д-р Кребс бил прогласен за измамник од страна на „угледни медицински експерти“, кои лаетрилот го прогласиле за најсофистицираната и најподла измама во историјата на медицината. Витаминот Б17 се наоѓа во споменатите семки од кајсии, но и во просото. Освен тоа, богати со лаетрил се и бобинките – црвени малини или црни капини.