Нуркачите не успеаја да ги најдат деловите од метеорот во езерото Чебаркул во Русија, соопшти Министерството за вонредни состојби. Видливоста на водата била многу слаба, па иако нуркачите цело утро го пребарувале езерото, сепак не успеале да најдат делови до метеорот.
Генадија Онишченко, шеф на руската санитарна служба, изјави дека е направена анализа на водата во езерото, било испитувано нивото на радиоактивност, па засега не се воочени вредности над дозволената граница. Фактот дека во езерото не се најдени деловите од метеорот повторно ги разгори теоретичарите на заговори.
Рускиот политичар Владимир Жириновски, лидерот на либералните демократи, веќе изјави дека воопшто не станува збор за пад на метеор, туку дека Американците тестирале ново оружје.
– Каков метеор? станува збор за објект кој што го направил човекот. Луѓето се воени бунтовници и провокатори – изјави Жириновски.