Никако депилација на препони – имало цел зошто таму треба да има влакна!?


“Отстранувањето на срамните влакна го зголемува ризикот од инфекција и сексуално преносливите болести меѓу младите луѓе”

Кожата е под стрес додека од неа се отстрануваат влакната- без разлика кој вид на депилација се приактикува. Ким Kaрдашијан влакната од препони ги отстранува со ласер, Кејт Винслет со восок, а Џенифер Лав Хјуит практикува шеќерна паста.

Иако депилирана бикин зоната денес се прави најмногу поради хигиена, доктор Емили Гибсон укажува дека отстранувањето на влакна од препоните всушност е многу опасно.

“Отстранувањето на срамните влакна го зголемува ризикот од инфекција и сексуално преносливите болести меѓу младите луѓе”, тврди таа и објаснува дека хирурзите веќе одамна  сфатиле дека со отстранувањето на влакната од телото не се постигнува никаков ефект, туку напротив. Иако се мисли дека со нивно отстранување се спречуваат инфекции, сепак се случува токму спротивното.

„Кожата страда додека се извршува депилацијата, и не е важно кој метод на отстранување на влакна се применува затоа што сите се штетни.

Свежо депилираните генитални области се исклучително чувствителни и често се случува да се појави херпес и други инфекции”, тврди Гибсон.

Таа ги педупредува жените дека срамните влакна имаат своја цел и треба да останат таму каде што припаѓаат.

Сепак, ова нема да се случи, барем во блиска иднина затоа што се разви цела индустрија која заработува од депилирање и отстранување на влакна.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1