Видео: „Крокодил“, „Луда мачка“ и „Волшебен змеј“ – дроги убијци


Опасните дроги што ги тресат Америка и Европа го загозуваат и Балканот. Крокодил“, „Луда мачка“ и „Волшебен змеј“ се нови синтетички дроги што експресно го уништуваат организмот.

Минатата година во Европската унија се појавиле рекордни 49 нови видови синтетички дроги – Брутални и брзи убијци

„Крокодилот“ предизвикува распаѓање на мускулното ткиво, брзо уништување на внатрешните органи, позеленување на кожата на „уживателот“ на оваа дрога. Негативните последици се чувствуваат уште по првата конзумација.

Произведена е од тешки метали, бензин, црвен фосфор и кодеин. Поефтина е од хероинот, па затоа е позната како дрога за сиромашни. Зависникот од оваа дрога живее најмногу три години, а единствениот начин за спасување на неговиот живот е отстранување на заболениот орган (доколку е возможно).

„Волшебниот змеј“ пак се продава во вид на миризливи стапчиња за освежување простор. Се набавува „online“ или пак во специјализирани продавници. Корисниците на оваа дрога се соочуваат со уништени внатрешни органи бидејќи конзумираат отровни супстанци од егзотични растенија.

„Лудата мачка“ се растворува во вода, а освен еуфорија будност и халуцинација, предизвикува сериозни нарушувања кај срцето и крвните садови, губење на помнењето, парализа и смрт. Експертите велат наркотичните формули се потешко се утврдуваат, нивните дејства се се повеќе мистериозни.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1