Никогаш не е доцна за љубов: Младенци на над 90 години


По една деценија „живеење во грев“, Бил Грифитс и Фло Маршалсеј решија конечно да ја озаконат нивната љубовна врска и да се венчаат.

Навидум, ништо невообичаено, освен ако се занемари фактот дека двајцата „младеници“ заедно имаат 187 години.

132967574-30233

Како што објавија британските медиуми, 91-годишниот Бил решил да ја побара за жена пет години повозрасната Фло, додека пиеле чај во неговиот дом во градот Олдбери во централна Англија.

– Бил ме погледна и ми рече: Фло, дали сакаш да се омажиш за мене?. Одговорив „да“ и тој ме бакна, изјави идната невеста.

Таа додаде дека иако Бил на клекнал на колена пред наа, сепак целиот настан бил многу романтичен.

– Ме изненади, Но, животот е таков, полн со изненадувања, вели Фло,

Свадбата е закажана за 16 јануари следната година во локалната црква во Олдбери. На церемонијата се очекува да присуствуваат нивните пет деца од претходните бракови, како и 14-те внуци и седумте правнуци.

– Никогаш не сте престари за да се венчате. Стари сте онолку колку што се чувствувате дека сте стари. Физички сум стара, но имам младешки дух. Ако некој ми каже дека сум престара за да застанам пред олтар, би му рекла дека зборува глупости, рече Фло.

Бил и Фло се запознале во еден танцов клуб во 1982 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1