НИКОГАШ НЕМАЛА ПАРНО ГРЕЕЊЕ, А ДОБИВА СМЕТКИ!


Будимка Деспотовска била вчудоневидена кога минатиот месец добила сметка од централниот градски дистрибутер за топлина „Балкан Енерџи груп“. Таа веќе 15 години користи сопствен систем на греење и никогаш досега вели, немала проблем од овој тип. Побарувањето и` било доставено во период кога не била во Скопје, па парите ги уплатил нејзин роднина, што според неа веќе нема да се повтори бидејќи не сака да плаќа за услуга која што не ја добива, пишува Енергетска ефикасност.

radijator

Деспотовска го потенцира фактот дека ваков проблем немала ни во изминатите 5 години кога над нејзиниот кат биле изградени уште три. Сите горни катови се приклучени на системот на градска топлификација и нивната инсталација е во посебна просторија. Во нејзиниот стан, како што вели, не поминува ниту една цевка од овој цел систем од која евентуално би се чувствувала топлина. Сепак, воТоплификација, немале рабирање за нејзината ситуација.

Деспотовска не знае како понатаму, бидејќи финансиски товар досега и` биле средствата за струја кои ги плаќала за сопственото греење.

Од „Балкан енерџи“ груп најавија став за во понеделник. Уставниот суд пред неколку недели ја укина одредбата според која станарите кои сакаат да се исклучат од градското греење мора да побараат согласнот од ссоседите . Останува одлуката сите кои што се исклучија да мораат да плаќаат надомест за ангажирана моќност кој изнесува околу 10 денари по квадрат

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1