Никој не му кажал на Даниел дека има прес – ќе се извинат ли новинарите што одма го нападнаа?


Oд продукцијата на „Х-фактор”, за Телеграф.мк велат дека Даниел воопшто не ни бил информиран дека треба да присуствува на прес-конференцијата закажана за денеска во еден познат скопски ресторан.

daniel 444– До нашата продукција беше испратен допис во кој се бараше Даниел да биде ослободен и да присуствува на доделување награда на „Златна бубамара”. Ние како продукција одобривме негово појавување само на оваа манифестација. Концертот, кој е закажан за 14 март во Скопје, е личен проект на Кики Лесендриќ. Тамара се појави затоа што нејзин ментор е токму Кики, Даниел воопшто немаше информација дека треба да присуствува – велат за Телеграф одговорните луѓе на продукцијата „МБК”.

– Запознаени сме со концертот на нашиот член на жири Кики Лесендриќ, но истиот е приватен и независен проект од Х Фактор, секако на негово барање се согласивме да одобриме гостување на нашите ексклузивци на концертот закажан за 14-ти март во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Со ова сакаме да ги демантораме сите наводи дека Даниел Кајмакоски не дошол, не присуствувал, ги избегнал, или намерно не се појавил на закажаната прес конференција. Нашиот ексклузивец е должен да се појави на места кој се одобрени со официјално барање до нашата продукција МБК и истиот е известен за тие обврски.

Одредени медиуми веднаш го нападнаа даниел етикетирајќи го дека „полетал“ дека се замислува голема ѕвезда и затоа не дошол на пресот. Како да дојдеш на прес на кој не си повикан и не знаеш дека се одржува? Според некои информации сето ова плукање по него во медиумите навистина тешко му паднало. Дали новинарите кои потрчаа да го прозват ќе имаат доблест да се извинат?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1