Мис Венецуела застрелана на протестите, починала во болница (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)


vene500Лекарите не успеале да го спасат живот на 22 годишната венецуелска мисица Генесис Кармона која беше застрелана во глава во текот на студентските протести во Венецуела.

Непознат напаѓач отворил оган кон студентите кои протестирале против владата на Николас Мадуро во Валенсија. Кармона, инаку поранешна Мис туризам на Венецуела  во четвртокот им подлегнала на повредите во болница. Со нејзината смрт, бројот на загинати во протестите оваа седмица пораснал на пет.

Еден од демонстрантите ја подигнал од земја застреланата убавица и на својот мотор итно ја однел во болница.

За жал, и покрај неговата брза реакција, и лекарите кои долго се бореле за нејзиниот живот, таа починала.

3vene500

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1