Никој не знае кој го направил овој остров, ниту зошто го напуштил


Иако правилната структура и урнатините на островот Пор-Бажин наведуваат на заклучок дека станува збор за остатоци од тврдина или затвор, никој со сигурност не може да каже за што точно служел овој остров изграден пред 1.300 години.

Мислењата на историчарите и научниците се поделени, а некои веруваат дека островот бил направен за да привлече луѓе, односно дека имало летна палата, манастир или астрономска опсерваторија.napusten-ostrov-sibir-01

Името Пор-Бажин на тивански јазик значи “Куќа од кал”, а островот се наоѓа меѓу Сајанските и Алтајските планини, на околу 3.800 километри од Москва, во близина на монголската граница.

Локалитетот е откриен во 1891. година, но ни по 100 години не е објаснето каква била неговата намена.

Деталното истражување било направено во 2007. година, кога археолозите откриле глинени плочи со остатоци од човечки стапки, избледени цртежи на ѕидовите, огромни капии и фрагменти од запалени дрва.

Експертите велат дека островот бил изграден во времето на Ујгурскиот Каганат, но мотивите за изградбата на тврдина на островот не се јасни – со оглед на тоа дека се наоѓа далеку од населените подрачја и патишта за трговија.napusten-ostrov-sibir-03

Начините на градба и користените материјали укажуваат на кинеската архитектонска традиција.

Научниците со метод на ласерско мапирање, направиле 3D модел од некогашниот изглед на островот со површина од 3,5 хектари.

Иако се смета дека е стар 1.300 години, многу од ѕидовите се недопрени и добро сочувани, при што главната структура во внатрешноста на дворот е поделена на два дела, меѓусебно поврзана со покриена пасарела.

Можеби уште поголема мистерија се причините за напуштање на островот. И покрај острата сибирска зима и надморската висина од 2.300 метри, научниците на островот не откриле остатоци од системи за греење.

“Сум бил на многу места, сум видел многу работи, но никогаш нешто како ова”, изјавил рускиот претседател Путин кога во 2007. година го посетил островот со принцот Алберт од Монако.

Точка.ком.мк

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1